Металното евро вреди 50 денари

Bez autora
Aug 20 2013

Монетите евра што граѓаните ги враќаат од патувањата во странство губат од вредноста уште на самиот влез во земјава поради ограничените можности за нивна замена во денари. Имено, ниту една банка не ги разменува кованите пари, исто како и повеќето од менувачниците. Овие монети може да се разменат само во некои менувачници, кои прифаќаат да го сторат тоа по фиксен курс од 50 денари за едно евро. Во банките објаснуваат дека законски не се обврзани да ги прифаќаат кованите евра ниту, пак, други валути, како што имаат обврска за металните денари. Оттаму велат дека трошоците за чување и за транспорт на кованите пари се прилично големи поради што не им се исплати да работат со нив...

Металното евро вреди 50 денариМонетите евра што граѓаните ги враќаат од патувањата во странство губат од вредноста уште на самиот влез во земјава поради ограничените можности за нивна замена во денари. Имено, ниту една банка не ги разменува кованите пари, исто како и повеќето од менувачниците. Овие монети може да се разменат само во некои менувачници, кои прифаќаат да го сторат тоа по фиксен курс од 50 денари за едно евро.

Во банките објаснуваат дека законски не се обврзани да ги прифаќаат кованите евра ниту, пак, други валути, како што имаат обврска за металните денари. Оттаму велат дека трошоците за чување и за транспорт на кованите пари се прилично големи поради што не им се исплати да работат со нив.

- Не смееме да одбиеме да примиме денари без разлика дали се книжни или монети. Но, тоа не важи за странските валути. Ниту една банка не работи со метални странски валути бидејќи трошоците за нивно чување, транспорт и слично се големи, а побарувачката за монетите евра е многу помала од понудата - објаснуваат банкарските работници.

Во повеќето менувачници, кои прифаќаат да откупат метални евра, не е истакнат курсот за монетите, кој се разликува од официјалниот курс што важи за книжните банкноти. Така, на пример, за 10 евра во банкноти ќе добиете од 610 до 620 денари во зависност од курсот на менувачницата каде што ги разменувате. За десет метални евра ќе добиете 500 денари.

- Kурсот за металните евра е понизок бидејќи во спротивно ќе бидеме во загуба. Многу луѓе доаѓаат да разменат монети евра за денари, особено по годишните одмори, но ретки се тие што бараат да ги купат. Најчесто се работи за луѓе на кои им требаат за да платат патарини во странство. Проблемот со металните евра е што после нема како да се ослободиме од нив - вели Валентина Стојанческа, вработена во скопска менувачница.

Во земјава е забрането плаќање во евра така што монетите не може да се искористат за да се купи нешто со нив. Единственото место во Македонија каде што може да се плати со монети се наплатните рампи на автопатите, кои од пред две недели примаат и ковани.

Од Народната банка на Македонија (НБМ) се оградуваат од одлуката на банките да не работат со странски монети објаснувајќи дека тоа е нивна деловна одлука. Од НБМ велат дека тие ги снабдуваат банките со денарска готовина, а работењето со девизи се врши преку директен контакт на домашните банки со странските.

- Чувањето на девизната ефектива на банките не е поврзано со девизниот курс. Менувачниците, пак, сами го одредуваат менувачкиот курс. Притоа задолжително е истакнување на курсната листа на видно место во секој момент од работното време на менувачницата. Вообичаено трансакциските трошоци за работа со монети, на пример, снабдување и репатријација, се повисоки од тие за работа со банкноти - велат од НБМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik